(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

Од:

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт резултираше со засега непознат број жртви, соопштија денеска локалните општински власти. Според извештаите, пожарот e предизвикан од „сериозен инцидент“, а службите за итни случаи сè уште работат на негово ставање под контрола, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Пожарот избувна во базата во Вејнрајт – град во источниот дел на провинцијата Алберта – и брзо се прошири поради силниот ветер, наведоа од општината во објава на Фејсбук.

Повик за помош e примен околу 16 часот, според информациите од Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт. Канадскиот министер за национална одбрана, Дејвид Мекгинти, потврди дека има загинати и повредени, но не даде дополнителни детали.

„Пожарот во базата сè уште не е изгаснат, а наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Воената база „Вејнрајт“ (CFB Wainwright), која се наоѓа на околу 210 километри југоисточно од главниот град на провинцијата, Едмонтон, е една од најактивните воени бази во земјата, се наведува на владина веб-страница.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“