Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Од:

Депонијата во Арачиново повторно гори, чадот се шири кон Скопје, а надлежните институции повторно покажуваат дека се неспособни да обезбедат основни услови за живот. Со месеци се повторува истото сценарио: отпадот гори, граѓаните се гушат, а институциите молчат или се кријат зад изговори за ненадлежност. Ова е хроничен институционален неуспех за кој никој не сноси одговорност. Додека граѓаните пријавуваат чад, печење во грлото и носот и солзење на очите, од Центарот за управување со кризи ги упатуваат да се обратат во медиумите. Општината ги препраќа до комуналното претпријатие, кое тврди дека случајот го пријавило. Така, секоја институција ја префрла одговорноста на друга, а ниту една не го решава проблемот. Тие се договараат за чива е надлежноста, а ние во меѓувреме дишеме отров, велат од Левица.

– Левица бара итно гаснење на пожарот и интервенција на сите надлежни служби, утврдување кривична одговорност за институционалната негрижа, како и транспарентен и континуиран мониторинг на квалитетот на воздухот. Потребна е итна санација и трајно решавање на проблемот со депонијата, вклучително и санкционирање на одговорните за незаконското или неконтролираното депонирање отпад.

Случајот со депонијата во Арачиново е само уште еден пример за системскиот проблем со дивите депонии и неодговорното управување со отпадот во Македонија. Наместо организиран систем за собирање, селекција и безбедно третирање на отпадот, граѓаните се соочуваат со неконтролирани депонии, пожари и загадување на воздухот, почвата и водите. Дивите депонии се директна закана за животната средина и јавното здравје, која се продлабочува секогаш кога институциите реагираат дури откако ќе настане штетата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна