(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

Од:

Познат е идентитетот на мажите кои денеска преживеаја вистинска драма во пожар на Врачар (Белград) – станува збор за татко и син, Владимир и Марко Ј., пренесува „Telegraf.rs“.

Драмата, која можеше да прерасне во голема трагедија, се одвиваше околу 12 часот во стан на третиот кат каде избувна силен пожар, кој за само неколку минути го зафати целиот простор од 60 квадратни метри.

Таткото Владимир бил внатре во станот во моментот кога избувнал пожарот и останал заробен во просторија исполнета со густ чад.

Во исто време, неговиот син Марко, бегајќи од високата температура и задушувањето, излегол низ прозорецот и буквално висел од надворешниот праг, држејќи се за самиот раб, додека зад него беснееле пламените јазици.

Набргу, на Врачар одекнаа сирените на шест противпожарни возила.

Дури 19 пожарникари-спасувачи од единиците на Звездара, Вождовац и Земун пристигнаа на локацијата за само пет минути и затекнаа драматична глетка.

Во молскавична и храбра акција, спасувачите успеаја да го симнат Марко од прозорецот и да го извлечат неговиот татко Владимир од станот што гореше.

Двајцата се здобиле со изгореници и вдишале опасни продукти од согорувањето, поради што екипата на Итната помош веднаш ги пренела на понатамошно лекување и нега.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он