Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Скопје на која фокус на разговорите беа билатералните односи и сојузништвото во рамки на НАТО.
– Како искрен пријател Канада силно ја поддржува нашата политика и евроинтегративниот процес и сакам да и се заблагодарам јавно за силното сојузништво. Инициравме иницијатива за бизнис средба помеѓу двете бизнис заедници – истакна Османи по средбата.
Канадската министерка Жоли се заблагодари за гостопримството и ја пофали Македонија за поддршката која и ја дава на Украина.
– Сакам да ви се заблагодарам за вашето гостопримство. Ова мие прва посета на Македонија, првпат по 25 години канадски министер за надворешни работи доаѓа тука и ова е историска посета. Ние се среќаваме на состаноците на НАТО и на ОБСЕ. Би сакал да ве пофалам за поддршката на Украина и му благодарам на Бујар за неговото лидерство со ОБСЕ. Канада и Македонија се блиски партнери и имаат исти уверувања дека диверзитетот и различностите се можност – рече Жоли.
Запрашана дали Канада може да одобри безвизен режим со Македонија, таа рече дека двете земји сега се стратешки партнери и може да се најдат различни решенија за различни прашања.