Почнува реновирањето на центрите за социјална работа

Од:

Центрите за социјална работа во Струмица, Ресен, Пробиштип и Свети Николе ќе се реконструираат. Постапката за избор на изведувач веќе е започната.

Реконструкцијата се предвидува да започне во ноември, а да заврши до крајот на годината. Планирано е да се изврши замена на прозорците, вратите, електричната инсталација, систем на греење и ладење и на санитариите.

– Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на стручните работници, но ќе се подобрат и условите за граѓаните кои ги остваруваат правата и услугите во центрите за социјална работа, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на Центарот за социјална работа во Струмица.

Тој најави дека  е планирана и реновирање на уште седум центри за социјална работа која ќе започне до крајот на годината, а дополнително преку ИПА програмата е предвидена реконструкција на 18 центри за социјална работа во 2014 година. Со процесот се предвидува набавка на мебел, опрема за видео надзор, уредување на внатрешниот и надворешниот ентериер.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска