Македонија ќе и помага Украина се додека е потребно, му вети Ковачевски на Зеленски

Од:

Во рамки на посетета на Атина, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На средбата, премиерот Ковачевски ја нагласи континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот. Осудувајќи ја бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина, Ковачевски повтори дека Северна Македонија ќе продолжи со недвосмислена и силна поддршка за Украина, во нејзината самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет. Овој пристап, Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина.

Премиерот Ковачевски истакна дека Северрна Македонија ќе продолжи да и помага на Украина се додека тоа е потребно, преку испраќање помош кон Украина, како што тоа го правеше и досега.

Претседателот Зеленски изрази благодарност за поддршката на Северна Македонија на Украина од почетокот на воената агресија, која е значајна за украинските сили и која украинскиот народ високо ја цени. Претседателот Зеленски информира за најновиот развој на состојбите на теренот.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Поранешен портпарол на украински премиер ранет во експлозија на автомобил во Москва

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

ВИДЕО: Украинците нападна една од најголемите рафинерии во Русија

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори