Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави најавата дека европски претставници ќе учествуваат во следната рунда мировни преговори со Русија, со посредство на САД. Тој изрази надеж дека на дневниот ред ќе бидат вклучени чекори за прекин на огнот и деескалација на конфликтот.
По вчерашната средба со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Даблин, Зеленски оцени дека е важно мировниот процес повторно да се придвижи.
Станува збор за првите преговори по девет месеци, кои претходно оваа недела се одржаа во Абу Даби.
„Важно е работите да се деблокираат“, изјави Зеленски, кој учествува на европски самит во Даблин.
Тој рече дека е договорено да се работи на дневен ред кој би опфатил мерки за деескалација и одредени форми на прекин на огнот.
„Се надевам дека ќе имаме таков дневен ред“, додаде украинскиот претседател, оценувајќи дека тоа би било важно.
Претходно во четвртокот, Виткоф најави дека наскоро ќе се одржи нова рунда преговори, на која ќе учествуваат и европски претставници.
Најавата следуваше по неговата средба со Кушнер и рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
