(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека присуството на странски војници на територијата на Украина е апсолутно неприфатливо за Русија и дека, доколку бидат распоредени, тие ќе станат легитимни воени цели.

Путин ова го изјави во четвртокот во Москва, на средбата со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои го информираа за разговорите меѓу Русија, САД и Украина, завршени во средата во Абу Даби. Ова го покажува снимка на кинеската телевизија CCTV, која ја пренесува Ројтерс.

„Русија од самиот почеток јасно стави до знаење дека присуството на какви било странски трупи на територијата на Украина е апсолутно неприфатливо за нас, бидејќи би ја загрозило нашата безбедност. Европејците го знаат тоа, но што слушаме сега? Велат дека веднаш штом ќе се постигне мировен договор, ќе испратат војници во Украина. Што значи тоа? Како што веќе кажавме, тие војници за нас ќе станат легитимни цели. Со други зборови, војната веднаш ќе продолжи“, изјави Путин.

Тој рече дека Русија и Украина постигнале напредок во хуманитарните прашања и предложи спроведување хуманитарна операција во градот Константиновка, во Донецката област.

Путин тврдеше дека Русија никогаш не се противела на дијалог со Европа, ниту го прекинала, туку дека европските земји се тие што го прекинале дијалогот со Москва. Тој изрази надеж дека ќе биде постигнат траен мир меѓу Русија и Украина.

Виткоф оцени дека разговорите во Абу Даби биле многу позитивни и изрази надеж дека средбата со Путин ќе го отвори патот за нов круг преговори, во кој би учествувале и европски претставници.

Кушнер, исто така, рече дека европските претставници изразиле подготвеност да се вклучат во преговорите.

На дводневните разговори во Абу Даби беше договорена голема размена на воени заробеници. Сепак, страните и натаму имаат длабоки несогласувања околу клучните прашања, меѓу кои се завршувањето на војната, територијалните прашања, безбедносните гаранции за Украина и идната безбедносна архитектура на Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците нападна една од најголемите рафинерии во Русија

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план

ВИДЕО: Кушнер со визија за нова безбедносна карта на Европа, дипломатите сè уште се обидуваат да ја разберат

Катерина Ѓуровски

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови