Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

Од:

Ставени се под контрола пожарите кај Неготино и Демир Капија , информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пожарите ги гаснеле пожарникари од Неготино и Кавадарци, а се вклучија и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР.

Пожарот во Неготино создавал проблеми, бидејќи опожарена била борова шума, што е тешко да се изгасне.

– Бидејќи немаше потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, хеликоптер на МВР со ведро од еден тон во два наврати прецизно дејствуваше врз пожарот во боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов силниот пожар од страна на територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци е ставен под контрола.

Со помош на хеликоптери изгаснат е и пожарот во близина на Демир Капија.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски