После час и половина чекање, Бектеши ја одложи средбата со новинарите на тема рудници

Од:

После час и половина чекање да се појави министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференцијата на која требаше да зборува за неговиот извештај кој го презентираше пред Владата за концесиите на рудниците Иловица-Штука, од владината служба ја одложија средбата со новинарите на неодредено.

Причините за одложувањето не се познати, а оттаму велат дека дополнително ќе известат кога ќе се обрати министерот Бектеши.

Владата денеска на седница требаше да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера потврди дека Владата ќе расправа за концесијата и повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

Жителите и невладините организации од струмичкиот регион на 15- месецов протестираа против отворањето на рудникот и спојувањето на концесијата, а на протестот учествуваа и министерките за труд и социјална политика и за животна средина и просторно планирање Јованка Тренчевска и Каја Шукова.

Од Министерството за економија (МЕ), минатата недела на брифинг со медиумите наведоа дека остануваат на ставот дека административно треба да се спојат двете концесии на Еуромакс Ресоурсис за рудникот Иловица. Тоа, посочија, им следува согласно членот 61 од Законот за минерални суровини, бидејќи концесионерот ги има двете концесии од кои првата се содржи во втората, односно е целосно опфатена во втората.

Според МЕ, и да се ревидира одлуката на Владата за спојување на концесиите, повторно компанијата ќе ги има двете концесии и ќе може да се повика на записникот што го има направило Министерството за економија на 5 февруари 2016 година кога излегле на терен и констатирале дека може да продолжи постапката за спојување на концесиите по претходно поднесеното барање на компанијата. За тоа ќе можат да поднесат тужба до Управниот суд кој веќе одлучи да им се врати концесијата што претходно им ја одзеде Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата