„И Здравје И Работа“: Рударството може да биде мотор на индустриското производство и економскиот раст

Од:

Одблокирањето на рударските проекти може да отвори нови можности за инвестиции, вработување и развој на домашната економија

Падот на индустриското производство, а особено на активноста во секторот рударство, повторно го отвора прашањето за искористувањето на економскиот потенцијал на домашните природни ресурси. Според последните податоци на Државниот завод за статистика за август 2026 година, индустриското производство бележи пад од 1,9 проценти на годишно ниво, додека во секторот рударство и вадење камен е регистриран пад од 10,1 процент.

Овие показатели ја нагласуваат потребата од поширока дискусија за можностите за развој на индустријата, привлекување нови инвестиции и создавање услови за активирање на економските потенцијали на државата. Иницијативата „И Здравје и Работа“ смета дека рударството може да има значајна улога во овој процес и да биде еден од двигателите на индустриското производство и економскиот раст, доколку се создадат услови за реализација на одговорни и одржливи рударски проекти.

„Рударството не треба да се гледа единствено како ископување минерални суровини, туку и како можност за развој на цел синџир економски активности – од инвестиции и нови работни места до ангажирање на домашни компании, развој на инфраструктурата и зголемување на приходите во локалните заедници. Одблокирањето на рударските проекти, со почитување на законските процедури и високите стандарди за заштита на животната средина, може да придонесе за посилна индустриска активност и нови економски можности“, посочуваат од иницијативата.

Проектите како Иловица-Штука имаат потенцијал да придонесат за економски развој преку инвестиции, отворање директни и индиректни работни места и создавање дополнителна побарувачка за услуги и производи од домашните компании. Нивната реализација би можела да поттикне развој на локалното стопанство и да создаде можности за младите и квалификуваните кадри.

Од иницијативата нагласуваат дека развојот на рударството и заштитата на здравјето на луѓето и животната средина треба да се разгледуваат заедно. Тоа подразбира доследна примена на законите, соодветни процени на влијанијата, современи технологии, независен мониторинг и отчетност во текот на сите фази од работењето.

„И Здравје и Работа“ повикува на аргументирана јавна дебата за иднината на рударскиот сектор и за можностите што одговорните инвестиции можат да ги донесат за државата и граѓаните. Во услови на намалена индустриска активност, потребно е да се разгледаат сите проекти што можат да придонесат за економски развој, при истовремено обезбедување високи стандарди за заштита на здравјето и животната средина.

Одблокирањето на рударските проекти, според иницијативата, може да биде дел од поширок пристап за зајакнување на домашното производство, подобрување на инвестициската клима и создавање долгорочни економски можности.

Би можело да ве интересира

Imlek Impact и Дарио Ивановски заедно кон следното ниво

Предраг Петровиќ

Од стратешки минерал до реално производство – лекцијата од Грција за Европа

А1он

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси

Светскиот ден на туризмот низ вкусови: Една трпеза, многу дестинации

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Предраг Петровиќ

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Предраг Петровиќ