Потписот на тестаментот на Мајкл Џексон е фалсификуван

Од:

Семејството на починатиот Мајкл Џексон бара повторно да се направи распределба на имотот на кралот на поп музиката, затоа што адвокатите наводно го фалсификуквале потписот на Мајкл во тестаментот.

Семејството им испратило писмо на извршителите на тестаментот на Мајкл во кое тврдат дека исходот е „срамен и лажиран“.

– Нашиот брат ни рече дека во случај на негова смрт под никакви услови ниту еден од вас двајцата не треба да се меша во неговиот живот и имотот, стои меѓу другото во писмото упатено до адвокатите Џон Бранц и Џон Мекејн.

Џексонови тврдат дека потписот на тестаментот е фалсификуван и дека Мајкл својот вистински тестамент го потпишал во Њујорк, а не во Лос Анџелес, како што тврдат адвокатите.

Иако во потписот на писмото стојат имињата: Ренди, Џермејн, Тито, Џенет и Реби Џексон, извор за „Сантајмс“ тврди дека зад сето ова стојат само двајцата брата, со „лажни мотиви“.

– Ова е дело на Ренди и Џермејн кои сакаат пари, и само тоа ги интересира, вели изворот na „Сантајмс“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска