Принцот Хари има нова девојка

Од:

Нова девојка на британскиот принц Хари, внук на кралицата Елизабета, е ќерката на поранешен фото-модел и „девојка од насловните страници“, јави дописникот на МИА од Лондон.

Лондонските медиуми откриваат дека Кресида Бонас и Хари биле заедно на лондонската премиера на најновиот филм за Бетмен, но дека биле видени заедно и во некои од ноќните клубови на британскиот главен град.

Младата Бонас е ќерка на сега лејди Мери-Гај Карзон, која во средината на 60-те години на 20-от век работела како фото-модел и чии фотографии често биле на насловните страници на британските весници.

Лејди Карзон, која досега зад себе има четири брака, за „Дејли Мерил“ изјави дека не знае ништо за наводната врска на нејзината ќерка со принцот Хари.

Медиумите откриваат дека „заслуга“ за најновата врска на принцот има неговата братучетка, принцезата Јуџин, ќерката на чичкото на Хари, принцот Ендрју и војводката Сара Фергусон.

За разлика од својот брат, војводата Вилјам од Кембриџ, кој е повеќе од една година во брак, принцот Хари е повеќе наклонет кон кратки љубовни врски со девојки од светот на славните и познатите во лондонското општетство.

По врската со Челзи Дејви, тој имаше врска со една манекенка за долна облека, инаку роднина на ерлот од Кардиган, а потоа и со поранешната девојка на автомобилскиот ас Џенсон Батон.

Принцот Хари е третиот по ред претендент на британскиот престол по татко му, престолонаследникот Чарлс и по постариот брат, принцот Вилијам.

– Мојата титула ги одвраќа девојките од мене, се пожали неодамна Хари во едно телевизиско интервју во САД.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска