„Бракот со Кејти ми беше како 14 месеци да сум бил на диета со ориз. Лудувањето после разводот ми дојде како некој да ме пуштил да дивеам во фабрика за чоколади“, рече 37 годишниот комичар Расел Бренд.
Неговите шеги на сметка на пропаднатиот брак, ретко кого насмеаја. Споредбата со диетата не беше доволна па актерот додаде како Кејти сакала да експериментира додека се сексале.
„Ништо класично не ја интересираше. Ја палеа работи како секс во инвалидска количка, затоа постојано гледаше порно филмови со таква содржина. Се колнам, таа жена 90% од времето на нашиот брак, го помина во мали електрични колички“, откри Бренд, кој моментално е во врска со Изабела Брустер.