(ВИДЕО) Францускиот амбасадор во Софија: Целта е да се напишат учебници со заедничка историја

Од:

Францускиот предлог е плод на колективен труд на сите земји-членки на ЕУ и Македонија треба да ги направи уствавните имени, а колку повеќе земјата го забавува овој процес, толку повеќе го забавува и членството во ЕУ, рече воинтервју за БГНЕС, амбасадорот на Франција во Софија, Жоел Мејер.

Тој вели дека секоја земја од Западен Балкан се оценува индвидуално и не може колективно да влезат во ЕУ.

– Така што Македонија не е исклучок и таа треба да ги спроведе реформите. Францускиот предлог дозволи да се создаде перспектива за Северна Македонија затоа што во интерес на сите соседи на земјата е да имаат сосед кој одговара на европските стандарди. Во оваа смисла Македонија треба да го промени Уставот и ако Скопје го прифати ова тогаш може да сметаме дека Скопје гледа поголема причина да се присоедини кон ЕУ. Сметам дека сега треба да се засили дијалогот и да се промени што побргу Уставот. Ако не го направи тоа, правилата на играта се јасни – рече амбасадорот Мејер.

Тој потсети на Договорот за пријателство и добрососедство кој беше потпишан помеѓу Македонија и Бугарија.

– Тој договор вклучува и гарантирање на правата на Бугарите во Македонија. Мислам дека тој функционира и од него произлегоа решенија за засилување на економските и културните врски. Тука мислам и за заедничката историска комисија која цели да се постигне консензус во заедничката историја на двете страни и да се реализира идејата според која во даден момент ќе се напишат учебници кои ќе споделат иста визија за заедничката историја – додаде амбасадорот.

Би можело да ве интересира

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Во Франција, од почетокот на јули, 474 лица се приведени под сомнение за подметнување пожари

Опасен вид хантавирус откриен кај турист во Европа: Итно се следат сите контакти

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Пожарите сe оружје на Марин Ле Пен: Крајната десница го напаѓа Макрон

Франција продолжува да се бори со пожарите во Жиронда