Анастасија Потапова предизвика вистинска бура во Индијан Велс. Оваа 21-годишна руска тенисерка од Саратов моментално е 28-ма на ВТА листата, а кога на мечот од третото коло на Индијан Велс се појави со Џесика Пегула во дресот на Спартак Москва, почна лавина од коментари.
Организацијата ВТА и официјално се огласи и упати сериозно предупредување до младата Русинка која е навивачка на Спартак од свои 13 години и според која дресот што го носи не е политичка изјава.
„Кога станува збор за дресот на руската фудбалска репрезентација, ВТА официјално ја предупреди тенисерката дека тоа не е прифатливо или соодветно. Очекуваме дека такви инциденти нема да се случуваат во иднина“, соопшти ВТА.