Возњацки и Квитова си загарантираа место во финалниот турнир на ВТА

Од:
Минатогодишната шампионка на финалниот турнир на ВTA, Каролин Возњацки и чешката тенисерка – Петра Квитова, си ги загарантираа местата за овогодинешното издание на турнирот, што ќе се одржи на крајот на месецот во Сингапур.
Двете се приклучуваат на Симона Халеп, Анжелик Кербер и Наоми Осака, кои веќе се квалификуваа за натпреварите предвидени за периодот 21-28 октомври, објавија ВТA.
– Да го освојам финалниот турнир на ВTA минатата година беше вистинска награда, а во исто време признание за мојот напредок. Оваа победа тогаш ми помогна за моето претставување и во оваа сезона. Гледам напред и ќе дојдам во Сингапур, за да ја бранам титулата, вели Возњацки.
Тенисерката од Данска го обезбеди успехот на турнирот по денешната победа со 7:5, 6:4 над Естонката, Анет Контавеит во Пекинг.
Чехињата Квитова, која го освои истото финално издание на ВТА во 2011 година, се рангира првпат од 2016 година.
Најдобрите осум натпреварувачи ќе поделат награден фонд од седум милиони долари, а за победникот предвиден е и трофејот Били Џин Кинг.

Би можело да ве интересира

Надал: Јас не сум повреден спортист, туку спортист кој постојано живее со повреди

А1он

Федерер ќе игра на домашниот турнир во Базел во октомври

А1он

Навратилова: Политиката го уништува тенисот

А1он

Вимблдон официјално потврди: Без руски и белоруски тенисери на турнирот

А1он

Британците официјално побараа од руските тенисери да се откажат од Путин

А1он

Надал незапирлив во 2022, лесно до мексиканската титула

Ана Ололовска