Халеп прва полуфиналистка во Мадрид

Од:

Романската тенисерка Симона Халеп е првата полуфиналистка на ВТА турнирот во шпанската престолнина Мадрид. Третата носителка попладнево ја победи Ешли Барти од Австралија со 2-0.

dobivaj vesti na viber

Меч траеше еден час и 33 минути и беше решен со идентични 7:5 за Романката во двата сета.

Следна ривалка на Халеп ќе и биде подобрата од мечот Наоми Осака – Белинда Бенчиќ.

Наградниот фонд на турнирот во Мадрид изнесува 6,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВТА ја прогласи Кенин за најдобра тенисерка за 2020 година

Жарко Настоски

ВТА ги откажа сите турнири до 2 мај

Откажан ВТА турнирот во Ксиан поради коронавирусот

Прво големо изненадување на Индијан Велс

Возњацки и Квитова си загарантираа место во финалниот турнир на ВТА