Прво големо изненадување на Индијан Велс

Од:

Швајцарската квалификантка Стефани Фогел ја победи изненадувачки четвртата тенисерка на ВТА листата, Слоун Стивенс со 6:3, 6:0 во натпревар од вториот круг на турнирот во Индијан Велс, додека Серена Вилијамс оствари триумф против Викторија Азаренка во друг натпревар од програмата.

– Тешко се игра со соперничка, против која не си се справила добро во минатото. Денес беше ветровито, но условите беа такви и за двете. Јас едноставно не играв добро, рече Стивенс по крајот на натпреварот.

Вилијамс пак испрати 39 винери во полето на Азаренка и победи со 7:5, 6:3 во реприза на финалето од 2016 година, кога победник беше тенисерката од Белорусија.

– Навистина ја сакам, таа е моја многу добра пријателка. Таа исто така е мајка и поранешна лидерката на светската ВТА листа, каква што сум и јас. Тешко е да се игра против некого со кого сум толку блиска, но исто така е интересно, изјави Вилијамс по натпреварот.

Следната соперничка на Американката ќе биде Гарбине Мугуруса откако Шпанката, бр. 20 во шемата, оствари триумф над Лорен Дејвис со 6:1, 6:3. Џенифер Брејди пак ја совлада Каролина Гарсија со 6:3, 3:6, 6:0 и се пласираше во третото коло, каде ќе се сретне со Аш Барт. Таа ја отстрани Татјана Марија со 6:4, 6:4.

Чехињата Маркета Вондрушова ја победи со 6:2, 6:1 Дарија Касаткина, по што минатогодишната финалистка најверојатно ќе го загуби своето место во топ 20 на женската листа.

Поставената под број 2, Симона Халеп, Елена Остапенко, Џоана Конта, Елизе Мертенс и 18-годишната Бјанка Андреску исто така се пласираа во третиот круг.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Откако се пласираше во осминафиналето, Алкараз на камерата напиша необична порака

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Предраг Петровиќ

Новак Ѓоковиќ немаше избор, се повлече од Индијан Велс

Катерина Ѓуровски

Нори го освои трофејот во Индијан Велс

Халеп прва полуфиналистка во Мадрид