Откако се пласираше во осминафиналето, Алкараз на камерата напиша необична порака

Од:

Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз во неделата лесно го совлада Феликс Огер-Алиасиме, а потоа направи нешто што целосно ги збуни љубителите на тенисот.

Имено, откако се пласираше во осминафиналето совладувајќи го Канаѓанецот со резултат 2-0 (6-3 6-2) на една од камерите наместо стандардните „Вамос“, напиша порака која никој не ја очекуваше и што остави многумина збунети.

„Н, се гледаме наскоро“, напиша Шпанецот, а многумина се прашуваат кому ја посвети пораката. Некои сметаат дека пораката била упатена до светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, кого Алкараз го брка на АТП-листата, но некои сметаат дека пораката била за неговиот сонародник Рафаел Надал.

Надал поради повреда се повлече од Индијан Велс, а претходно пред турнирот одигра егзибициски меч со Алкараз. Затоа може да се заклучи дека помладиот Шпанец му дава мотив да се врати на терените.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Алкараз: Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Предраг Петровиќ