Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и државниот секретар Муедин Кахвеџи во рамките на дводневната работна посета на Анкара, Турција, денеска имаа средби со претставници на Министерството за семејство и социјални политики и Агенцијата за вработување на Турција.
Соговорниците, како што соопшти МТСП, ја истакнале потребата од продлабочување на соработката, за што во блиска иднина договорено е потпишување меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Во областа на трудот, пак, македонското Министерство за труд и социјална политика од турските колеги ќе добие експертска поддршка и помош во подготвувањето на Оперативниот план за активните политики и мерки за вработување за 2014 година.
Работната посета на министерот Спасов во Анкара е во насока на продлабочување на соработката меѓу Македонија и Турција со цел создавање подобри услови за живот на граѓаните на обете земји, за што во текот на вчерашниот ден беше потпишан Договор за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето.