Кралскиот писател Питер Морган ќе пишува сценарио за филм посветен на животот на Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“.
Тој во моментот преговара со филмската компанија „Ворнер Брос“, заинтересирана да го сними овој филм.
Хефнер на својот „твитер“ веќе се пофали за оваа чест „Денес се сретнаво со сценаристот Питер Морган и разговаравме за филмот за мојот живот.”
Како можни кандидати за улогата на Хефнер веќе се споменати Том Круз, Хју Џекмен или Роберт Дауни Џуниор, а продуцент на филмот ќе биде Џери Веинтрауб, познат по својата работа на „Единаесетмината Оушн“.
85-гоишниот Хефнер е роден во Чикаго, а во 1953 година го основаше „Плејбој“. Стана познат по својот див личен живот, раскошни забави во неговите резиденција во Беверли Хилс и по постојаното менување на жени.