Бугарската телевизија БТВ објави снимка од нападот на бугарскиот културен центар во Охрид „Цар Борис Трети“. Видеото е од надзорна камера, а на него се гледаат три лица кои фрлаат камења кон центарот.
Инцидентот се случил ноќта меѓу 20 и 21 ноември. Искршен се прозорците на центарот. Полицијата извршила увид.
Вчера веднаш реагираше бугарското Министерство за надворешни работи со оценка дека со овој чин на злосторство е извршен уште еден напад од омраза кон Бугарите во земјава.