Токио почна да издава потврди за истополови партнерства

Од:

Градските власти на Токио денеска почнаа да издаваат потврди за истополови партнерства на лица кои живеат или работат во главниот град на Јапонија.

Ова долго се очекуваше во земјата. Јапонија е единствена од групата седум индустриски најразвиени земји на светот што не ги признава истополовите партнерства. Во нејзиниот устав се наведува дека „бракот може да биде склучен само со согласност на двата пола“, пишуваат дел од светските медиуми.

Со потврдата од градските власти на Токио, припадниците на ЛГБТК+ заедницата може да се третираат како брачни парови за одредени јавни услуги што се однесуваат на домување, здравство или социјална заштита.

Областа Шибуја во Тoкио беше прва што во 2015 година понуди такви потврди. Повеќе од 200 општини и локални власти потоа почнаа да издаваат вакви сертификати.

Изминатите години, предводена од конзервативна десничарска партија, Јапонија направи мали чекори кон прифаќање на сексуалната различност.

Околу 57 отсто од граѓаните се изјаснија за хомосексуален брак, додека 37 проценти беа против, покажа истражувањето на јавното мислење од 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Петмина загинати во леталото на крајбрежната стража кое се судри со изгорениот авион

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре авион на писта на аеродром во Токио

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Токио: Четири лица се повредени, тројца во тешка состојба

Горан Наумовски

Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете доколу се иселат од Токио

А1он

Јапонија одобри двојно зголемување на воениот буџет до 2027 година

А1он