Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете доколу се иселат од Токио

Од:

Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата.

Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација.

Стимулациите чиј износ е многу поголем во споредба со минатогодишниот надоместок за „преселување”, ќе бидат дистрибуирани во април, објавуваат јапонските медиуми.

Иако населението во Токио минатата година за првпат забележа намалување што делумно се препишува на епидемијата на коронавирусот, властите веруваат дека треба да се направи повеќе за да се намали густината на населението во градот и да се охрабрат луѓето да започнат нов живот во делови од земјата каде има стареење на населението како и миграција на помлади луѓе кон центрите како Токио, Осака и другите големи градови.

Финансиската поддршка ќе им биде понудена на семејствата кои живеат во 23 централни области на Токио и соседните префектури Саитама, Чиба и Канагава.

За да ги добијат бенефициите семејствата треба да се преселат надвор од поширокото подрачје на Токио, додека некои би можеле да добијат пари ако се преселат во планинските области околу градот.

Владата се надева дека до 2027 година околу десет илјади луѓе ќе се преселат од Токио во руралните области.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Јапонија лансираше вселенска ракета, а потоа нареди да се самоуништи поради дефект

Ана Ололовска

Бројот на ученици кои извршиле самоубиство се искачи на највисоко ниво во 2022 година

Јапонија штотуку откри 7.000 острови за кои не знаела дека постојат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мистериозна топка ги мачи Јапонците, се појави на плажа, никој не знае од каде дошла

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Мистериозна топка е пронајдена на јапонскиот брег, полицијата ја опколи областа

Куче и мачка се осомничени дека предизвикале два пожари во Јапонија минатата година

Горан Наумовски