Крв во очите на Путин на муралот во Белград: Односите со Русија затегнати

Од:

Сликата на рускиот претседател Владимир Путин што беше насликана на зграда на аголот на улица во Белград е искрштана, очите и устата му се покриени со црвена боја, што е изненадувачка глетка во земја која е промосковска. Блумберг во нова анализа пишува дека пријателството меѓу Русија и Србија е „сè повеќе непријатно“.

Муралот е создаден како знак на поддршка за рускиот претседател, а сега станува симбол на отпор и протест против војната во време кога Путин дополнително го ескалира конфликтот во Украина.

Србија беше вешта да ги балансира своите геополитички и економски интереси меѓу Истокот и Западот, но војната ги разоткри парадоксите на тој жонглерски чин и покрена прашања во Белград за тоа каде лежат интересите на земјата во новиот светски поредок, се истакнува во анализата.

Се додава дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се спротивставил на воведувањето санкции против Русија, но дека српската економија зависи од европскиот блок за 60 отсто од својата трговија.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски