(ВИДЕО) Путин сака да го потопи родниот град на Зеленски: Браната е ракетирана, водата надоаѓа

Од:

Во Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Владмир Зеленски, жителите се евакуирани поради оштетување на локалната брана Карачун што настана по гранатирање од руска страна. Според украинските власти, браната била цел на осум крстосувачки ракети како одмазда за поразот на руската армија на фронтот од украинските војници.

Според извештаите, руските удари сериозно ја оштетиле браната и блиската пумпна станица, што довело до испуштање на огромна количина вода во реката Ингулец. Нивото на водата порасна за цели 2,5 метри, што предизвика излевање во некои делови од градот.

Реката, која се излеа во текот на ноќта, оштети најмалку 110 куќи и однесе неколку мостови.

Кирил Тимошенко, заменик-началник на кабинетот на претседателот, рече дека два квартови во градот се во опасност од поплави. Жителите на тие области, вклучително и самиот центар на градот, беа замолени да си заминат.

Според соопштението, украинските војници се обидуваат да ги прошират мостовите на реката Ингулет во близина на мостот Давидив како дел од тековната контраофанзива во Керсон.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски