Рама на Бледски стратешки форум: За нас постои само една дестинација, а тоа е ЕУ

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во Блед изјави дека за Албанија има само една дестинација а тоа е Европската Унија.

На 17 Бледски стратешки форум во Словенија, на прашањето за почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Рама рече: „Не сум скептичен. Трагично сум оптимист. Мислам дека ова е духот на Балканот.

-Затоа да се биде скептичен подразбра да се биде циничен. Трагично песимистички значи да се самоубиеш. Трагично оптимист, трагично е, но мора да танцуваме. Ова е. Мислам дека тоа е духот на Балканот. Ние сме трагично оптимисти. Нè жалат луѓе кои не знаат како е животот на Балканот. Луѓето кои не знаат каков е животот на Балканот, нè сожалуваат. И нам ни е жал за нив, затоа што кога и многу пати нашиот живот, извинете за изразот, отиде по ѓаволите, ние никогаш не се откажавме, рече Рама.

Додава дека војната не го забрзала позитивниот одговор за почеток на преговорите на Албанија со ЕУ.

-Тоа не е точно. Војната не забрза ништо затоа што „да“ за Албанија беше таму, ако Бугарија не беше тука. Но, Бугарија е таму и ги зеде како заложници Северна Македонија и Албанија одамна, додека сите други беа подготвени да ни кажат „да“ по 8 години. Но, да се биде трагично оптимист значи дека е трагично да се чека 8 години. Но, добро е да се биде оптимист, бидејќи за Северна Македонија поминаа 17 години, па може да биде и полошо. Затоа подобро насмевнете се и продолжете понатаму. Значи Бугарија го создаде ова, а не Русија. Земја-членка на НАТО која зема за заложници уште две земји членки на НАТО додека војната започна. Можеби оваа војна ги натера нашите европски пријатели, особено Емануел Макрон, кој беше и следниот претседател на Советот во тоа време, да бидат повеќе склони целосно да останат без спиење, а јас бев со него 24 часа на Самитот на НАТО за да ја убедам Бугарија дека тоа не е добра идеја и ете се реши, рече Рама, пренесува албанската новинска агенција, АТА.

Според него да се биде трагично оптимист е поврзан и со друг факт а тоа е дека „немаме друг избор, имаме само еден избор“.

-И кога луѓето ми велат благодарам што си толку трпелив. Велам, дали имаме друг избор? Не. Затоа треба да бидеме трпеливи и да одиме напред, само поради една причина. ЕУ е единственото безбедно засолниште за да останат земји како нас. За нас постои само една дестинација а тоа е ЕУ, било да е тоа во овој век, следниот или тој после него. Како што кажав, ќе одиме таму дури и да нема никој друг. Ќе одиме таму, нагласи Рама.

Запрашан како би изгледала Европа на уметничка слика, Рама (кој по занимање е склуптор) рече: „Не би се осмелил да ја насликам, но во моментот изгледа како дупката на Луцио Фонтана и да видиме што има таму до моментот кога ќе дознаеме дали навистина има светло или сме во длабока дупка“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски