Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Од:

Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8, најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов, пренесува БТА.

Изјавата е дадена за време на работниот појадок во Софија со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО, посветен на напредокот на стратешкиот инфраструктурен проект. На средбата присуствуваа и министрите за регионален развој и јавни работи Иван Иванов, министерот за одбрана Атанас Запријанов, претставници на Европската комисија, Националната железница и Агенцијата за патна инфраструктура.

Караџов нагласи дека тунелот меѓу Ѓуешево и границата со Северна Македонија не е само инфраструктурен објект, туку стратешка врска што ќе овозможи слободно движење меѓу Црното и Јадранското Море. Според него, Бугарија може веднаш да започне со изградба на делот од Ѓуешево до границата во должина од 2,4 километри, но вистинскиот почеток зависи од изградбата на самиот објект на тунелот.

– Очекуваме одговор и коментари од Скопје за предложениот договор. Доколку нема забелешки, подготвени сме веднаш да го потпишеме и да почнеме со работа, рече Караџов.

Министерот за регионален развој Иван Иванов изјави дека и покрај секојдневните предизвици, Бугарија не треба да го изгуби фокусот на стратешките проекти како што е Коридорот 8. Тој ја истакна потребата од забрзување на реализацијата, бидејќи проектот е од исклучителна важност за економско и логистичко поврзување во регионот.

Министерот за одбрана Атанас Запријанов, пак, истакна дека развојот на основната инфраструктура, вклучително и железничкото поврзување со Република Северна Македонија, е од особено значење за Бугарија и мора да се направи се што е можно за да се постигне опиплив напредок во краток временски период

– Бугарија го смета железничкото поврзување со Северна Македонија како клучен елемент на проектот Воена мобилност, кој е приоритет за соработка меѓу НАТО и ЕУ, нагласи Запријанов. Според него, подоброто поврзување ги зголемува не само одбранбените способности, туку и улогата на регионот во безбедносниот систем на Европа.

Би можело да ве интересира

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Коридорот 8 е стратешки приоритет, годинава стартуваат градежните работи

Горан Наумовски

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“