Најмалку три милиони евра ќе треба да платат градските власти за новата површинска фонтана што планираат да ја градат на плоштадот “Македонија” и истовремено да постават нова коцка, стилски клупи, канделабри, пренесе Утрински весник.
Толку изнесуваше најниската понуда на една од трите фирми што се јавиле на огласот за изведувач на партерното уредување.
“Пелагонија” од Гостивар се понудила да ја заврши работата за 2. 970 000 евра, од прилепската “КРИН КГ” бараат 3.740.000 евра, додека за 2.000 евра е поскапа понудата на “Урбан инвест” од Кавадарци.
Според идејното решение, површинската фонтана треба да се наоѓа помеѓу Камен мост и Воинот на коњ. Ќе има димензии 15 на 15 метри и ќе се состои од 128 прскалки. Предвидено е во делови од плоштадот да се извадат сегашните плочи и да се постави нова коцка. Како дел од партерното уредување, на целиот простор ќе се постават нови стилски клупи, корпи, канделабри.