Путин: Знамето на Русија секогаш ќе биде свето за сите генерации Руси

Од:

Владимир Пурин во видео обраќање по повод Денот на националното знаме рече дека знамето на Русија секогаш ќе биде свето за народот на неговата земја, пренесува руската прорежимска агенција Тасс.

„Денес го славиме Денот на националното знаме, оддаваме почит на официјалниот државен симбол на Русија, кој заедно со грбот и химната го претставува нејзиниот суверенитет и независност и го потврдува континуитетот меѓу генерациите на нашата мултиетничка нација.

Нашето знаме, кое беше подигнато на првиот руски воен брод пред повеќе од три века, остана симбол на Русија во тешки, предизвикувачки периоди од нејзината историја – под Петар Велики, кога Руската империја штотуку се формираше, на боиштата на Првата светска војна и среде драматична промена. Бело-сино-црвеното знаме повторно се разлета над Русија на 22 август 1991 година“, рече Путин.

„Убеден сум дека националното знаме секогаш ќе остане свето за сите генерации Руси“

Путин во видеото рече дека националното знаме и Црвеното знаме на победата ги всадуваат вредностите на патриотизам, државјанство и одговорност за иднината на татковината во новите генерации. Рускиот претседател најави дека почнувајќи од 1 септември оваа година, сите училишта во земјата секој училишен час ќе го започнуваат со церемонија на подигнување на знамето и интонирање на националната химна.

„Убеден сум дека националното знаме на Русија секогаш ќе остане свето за сите генерации наши граѓани. Тоа ќе ги инспирира за воена слава, професионални достигнувања и нови височини во науката, културата и спортот. Ќе ги направи горди на својата татковина. Русија е силна, независна светска сила. На меѓународната сцена, ние сме посветени да водиме само такви политики што ги задоволуваат виталните интереси на нашата татковина“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски