Тенисерката Ана Ивановиќ неодамна ја раскина долгата врска со Адам Скот и од тогаш се почесто е во Србија. Медиумите почнаа да шпекулираат дека причината за нејзините зачестени посети е новата љубов.
По двомесечните интензивни дружења и чести излегувања по белградските ресторани, Ана Ивановиќ и Вања Удовичиќ неодамна започнаа романса која ја кријат дури и до најблиските пријатели, открива дневниот весник Press.
Наводно се толку заљубени што Ана го користи секој слободен момент за да дојде во Белград и да биде со Вања.