Нема повеќе дилеми, италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака ќе стане нов играч на Вест Хем.
Оваа информација за италијанските медиуми ја потврди генералниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали.
„Имаме договор со Вест Хем. Трансферот изнесува 36.000.000 евра со уште 6.000.000 на име можни бонуси и 10 отсто од следната продажба“, изјави Карневали.
Скамака има 23 години, минатата сезона „експлодираше“ во Сасуоло, постигна 16 гола во Серија А, стана репрезентативец на Италија и го привлече вниманието на големите клубови меѓу кои Пари Сен Жермен и Интер.
Сепак, напаѓачот се одлучи за Лондон и следната сезона ќе го носи дресот на Вест Хем. Прашање е само на колку години ќе биде потпишан договорот.
Извор: Топспорт