Викторија Бекам има едвај 45 килограми. По нејзиното раѓање на четвртото дете, ќерката Харпер, таа изгледа „болно“ слабо.
Иако во последните седмици Викторија одбираше гардероба која ќе ја скрие нејзината слаба фигура, на последното појавување, таа беше облечена во многу тесни фармерки, кои ги отцртаа нејзините екстремно слаби нозе. А блузата без ракави пак ги покажала „исушените“ раце.
По раѓањето на Харпер, таа на медиумите им открила дека многу е загрижена за нејзиниот изглед и дека вежба и трча шест часа дневно.
Британското издание на „Вог“ дури и порачало дека нејзината слабост не изгледа воошто ниту секси и привлечно, ниту естетски убаво.