Рег Травис (35), поранешниот дечко на покојната британска пеачка Ејми Вајнхаус, ќе влезе во судската сала поради обвинение за силување извршено на 31 декември минатата година.
Филмскиот режисер беше уапсен во април, но потоа ослободен со кауција.
Судијата Стефани Викам го закажа судењето на 12 септември.
Таа дозволи тој да се брани од слобода, под услов да не ја контактира неговата жртва, ниту пак да се појавува во „Experimental Cocktail Club“.