Сталоне: Сејџ беше центарот на мојот универзум

Од:

„Нема поголема болка за родителот од таа кога ќе го загуби своето дете. Затоа јас сакам да ги замолувам луѓето да го почитуваат споменот и талентот на мојот син и да и изразам сочувство на неговата сакана мајка Саша“, изјави славниот Сталоне, носејќи со себе фотографија од него и Сејџ, во црно-бело, направена во 1991 година.

Алудирајќи на гласините кои се поврзуваат со причините за смртта и времето кога таа се случила, Сталоне порача: „Ова е страшна загуба за нас и таа ќе трае до крајот на нашите животи. Сејџ е нашето прво дете и центарот на нашиот универзум. Јас би ги замолил сите да се помолат за мојот син и да го остават спокојно да почива во мир“.

Синот на Силвестер Сталоне во петокот беше пронајден мртов во неговиот стан. Околу неговот тело полицијата пронашла куп шишиња од лекови, остатоци од цигари и алкохол. Некои на оваа несреќа гледаат како на несреќен случај, а други пак тврдат дека можеби Сејџ се самоубил.

Во медиумите се појавија и гласини дека неговото тело веќе неколку дена лежело без знаци за живот.

Аутопсијата на Сејџ е извршена вчера, но резултатите ќе се знаат за две недели.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска