Познатиот „судија“ во рeалити шоуто „Britain’s Got Talent“, Сајмон Коувел првпат ќе стане татко на 53-годишна возраст, објави „Дејли Мејл“.
Според весникот, Лорен Силверман, која е 17 години помлада од Коувел, чека негово дете, иако се уште официјално не е разведена од нејзиниот сопруг Ендрју Силверман, кој инаку е пријател на Сајмон.
Силверманови живеат одвоено, но нивниот брак се уште официјално не е раскинат.
Лорен најави дека сака да се омажи за Коувел, што значи дека најверојатно ќе се обиде да го забрза процесот на развод.