Американската актерка Линдзи Перлман, најпозната по улогите во телевизиските серии „Chicago Justice“ и „Empire“, беше пронајдена мртва во петокот во Лос Анџелес, неколку дена откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Таа имаше 43 години.
„Денеска околу 8:30 часот, холивудските полицајци ги истражуваа смртните случаи на авенијата Френклин и Северна Сиера Бонита. Судскиот лекар од округот Лос Анџелес потврди дека тоа е Линдзи Ерин Перлман“, соопшти полицискиот оддел на Лос Анџелес.
Причината за смртта сè уште не е позната, јавува Си-Ен-Ен.
Нејзините пријатели и семејството го пријавиле нејзиното исчезнување и побарале помош од јавноста за да ја најдат, кога таа не се вратила дома на 13 февруари. Последен пат била видена во Холивуд, на неколку километри од местото каде што е пронајдено нејзиното тело, соопшти полицијата.
UPDATE: I'm deeply sad to report that they have found Lindsey, and it was too late. I have no other information about the location or circumstance.
Lindsey was a fierce animal advocate and a talented actress. Please consider a donation to @SanteDOr in her honor.
— Savannah Pearlman (@Savannah__P) February 18, 2022
Нејзината братучетка Савана Перлман ја потврди веста на Твитер пишувајќи: „Многу сум тажна што известувам дека ја пронашле Линдзи. Немам други информации за местото или околностите“.
„Полицијата ја пронајде Линдзи. Таа е мртва. Скршен сум“, напиша сопругот на актерката Венс Смит во објавата на Инстаграм.