74-годишниот актер Арнолд Шварценегер доживеа тешка сообраќајна несреќа, кога неговиот теренец се превртел врз друг автомобил, а возачот е тешко повреден.
„Изгледаше како сцена од филм. Судирот беше толку силен што воздушните перничиња на теренецот се активираа“, рече сведокот за американските медиуми.
Повредена е жената која го возела Приусот. Многу крвареше од главата. Ни кажаа дека Брзата помош ја однела во болница“, велат луѓето кои се нашле на местото на несреќата, пренесуваат медиумите.
Арнолд е добро, но е длабоко загрижен за повредената жена и вели дека сака лично да ја провери.