Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвен Крст на Република Македонија и општините ќе реализира акција под мотото „Се грижиме за топол дом“.
Како што информира министерот Диме Спасов, целта на акцијата е да ги задоволи основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго, на сите граѓани кои неможат да обезбедат средства за купување на овие работи.
Преку оваа акција сите грагани кои имаа вишок на мебел, покукнина, апарати за домаќинство, а поради најразлични причини не им се потребни сега имаат можност да ги донираат на оние граѓани што имаат потреба, да олеснат нечиј живот, да подарат, да бидат хумани и општествено одговорни.
Министерот упатиповик до граѓаните кои имаат вишол на стар мебел, апарати за домаќинство и кои се расположени да ги донираат на социјално загрозени семејства, да се јават на телефонскиот број 0800 55 800, или на e-маил адресата [email protected], на која ќе можат да доставуваат податоци и фотографии од донацијата.