Полицијата со кривична и претреси кај заканувачот на Јовески и Русковска, одземени повеќе уреди

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 56-годишниот С.З. од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено, на 11 декември 2021 година пријавениот С.З., преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил едно писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, додека на 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Вилма Русковска, известува МВР.

„Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со навистинити генералии.

Веднаш по добиените пријави полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот. Врз основа на издадени Наредби за претрес во дом и други простории од ОС Битола, на 21.01.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З.. При извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап-топ компјутер и предмети поврзани со кривичното дело“, соопштува Министерството за внатрешни работи.

С.З. е лишен од слобода и во ПС ОН Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на ОКТИВ утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од С.З. и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма. С.З. е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

А1он

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Горан Наумовски

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Александар Тодески

Русковска: Случајот со убиствата на Вања и Панче не смее да добие политичка конотација

Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител