Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заменик-министерот Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински денеска го посетија семејството Глинчурски во беровското село Двориште.
Посетата се реализираше со цел министерот Спасов да му додели на семејството еднократна парична помош за лекување на двегодишната Вецка Глинчурска, а Црвениот крст на Град Скопје донираше хуманитарни пакети во облека, обувки, покривки, храна и хигиенски средства.