Шинејд О’Конор на Твитер ја потврди веста дека починал нејзиниот 17-годишен син Шејн.
My beautiful son, Nevi’im Nesta Ali Shane O’Connor, the very light of my life, decided to end his earthly struggle today and is now with God. May he rest in peace and may no one follow his example. My baby. I love you so much. Please be at peace:
— Sinead The 1 And Only (@OhSineady) January 8, 2022
Синот на музичарката Шинејд О’Конор, Неви’им Неста Али Шејн О’Конор (17) е пронајден мртов два дена по пријавувањето на неговото исчезнување. Последен пат бил виден во близина на Даблин, а полицијата таму го пронашла неговото тело. 55-годишната пејачка доби син со ирскиот фолк пејач Донал Луни, а тажната вест ја потврди на Твитер.
„Мојот прекрасен син, Неви’им Неста Али Шејн О’Конор, светлината на мојот живот, одлучи да ја заврши својата борба на Земјата и сега е со Бога. Нека почива во мир. Љубов моја, многу те сакам“, напиша таа.