Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Од:

Статуата на Универзитетот во Хонгконг, која е поставена во спомен на извршениот масакр на плоштадот Тјенанмен во Пекинг во 1989 година, синоќа е отстранета.

Споменикот висок осум метри, наречен „Столб на срамот“, на кој се прикажани 50 скршени тела натрупани едно врз друго, е направен од данскиот скулптор Јенс Галшиот како симбол на загубените животи во военото задушување на продемократските протести во плоштадот Тјенанмен во Пекинг на 4 јуни 1989 година.

Статуата беше отстранета и покрај противењето на скулпторот.

Таа стана спорна во октомври кога универзитетот побара нејзино отстранување, додека активистите и групите за човекови права се спротивставија.

Галшиот понудил да ја врати во Данска, под услов да добие имунитет од судско гонење според Законот за национална безбедност во Хонгконг, но досега не го добил.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг

ВИДЕО: Судири на полицијата и демонстрантите во трговски центри во Хонгконг