Режисерот Мајкл Мур поднесе барање за развод по 21 година брак со Кетлин Глин, со која работешe на филмот „Жед за насилство“ и други проекти.
Мур поднесе барање за развод на 17 јуни и наведе дека нивната врска е прекината и дека „не постои никаква можност бракот да се поправи“.
Конечното сослушувањ е закажано за 10 септември. Мур и Глин се венчале во 1991 година. Глин е продуцент на многу документари на Мур вклучувајќи „Фаранхајт 9/11“, „Сицко“ и „Капитализам: Љубовна приказна“.