Мајката на Мајкл Џексон сведочеше на суд: Син ми не беше монструм

Од:

Кетрин Џексон (83) сведочеше пред судот, во случајот на тужбата која ја поднесе против промотивната компанија AEG, која ја смета за делумно виновна за смртта на нејзиниот син, бидејќи тие го ангажирале лекарот Конрад Мареј, кој се наоѓа во затвор поради несовесно лекување на славниот пеач.

Таа низ солзи раскажуваше за својот син и рече дека и е многу тешко да ги слуша сите невистини кои ги кажуваат за нејзиниот син.

– Најтешко ми е да седам овде, во оваа судница и да ги слушам сите грди работи кои се кажуваат за мојот син, рече таа плачејќи, и се присети за сите добрини кои тој ги направил.

Таа призна дека нејзиниот син земал лекови против болка, но рече дека не знаела дека тој има проблем со зависност.

Таа уште рече дека неговата смрт посебно ја погодила неговата ќерка Парис, која неодамна заврши во болница откако се обиде да се самоубие.

– Тешко ми е да слушам колку тој бил болен. Мојот син не беше чудовиште, рече таа, по што судењето беше прекината поради нејзиниот замор.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска