Опкружен со телохранители, Џастин Бибер му плукна на ди-џеј во лице

Од:

Тинејџерската атракција Џастин Бибер се повеќе станува една од најомразените и најарогани ѕвезди, чие однесување наидува на критики од сите кои не спаѓаат во категоријата „збудалени тинејџери“.

Последниот негов испад се случил во клубот „Соушал Рум“, каде Бибер опкружен со своите „горили“ нападнал локален ди-џеј.

– Неговите телохранители почнаа да му туркаат велејќи ми оти знаат дека го фотографирав Бибер и дека тоа не е дозволено. Тие ми го земаа телефонот и почнаа да „копаат“ по него.

– Кога видоа дека не сум го фотографирал Бибер, ми го вратија телефонот, но нему му рекоа дека се уверени оти сум го фотографирал, изјави ди-џејот по инциднетот.

Тој натаму раскажува дека по ова „на сцена храбро настапил“ младиот пејач.

– Почна да ме пцуе, а потоа ме плкукна в лице, изјави ди-џејот, додавајќи дека планира да го тужи пејачот. Тој исто така планира да се тестира на хепатитис затоа што стравува дека Бибер го заразил.

Џастин Бибер се најде во слична ситуација кога во март го нападна и исплука соседот кој му приговарал поради пребрзото возење со неговото „Ферари“ низ соседството каде играле деца.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска