На фронтменот на групата Ју-2, Боно Вокс, Франција ќе му ја додели својата највисока награда во областа на културата и уметноста, соопшти денеска француското Министерство за култура.
Во соопштението се посочува дека Боно ќе биде прогласен за „Командант на редот на уметноста и литературата“ на церемонија што ќе се одржи утре вечер во Париз.
Ирскиот пејач е познат заговорник за доделување на поголема помош за Африка и основач на групата за борба против сиромаштијата на африканскиот континент – ОНЕ.
Тој е добтиник на повеќе награди за својата музичка и хуманитрана работа, меѓу кои и француската Легија на честа и британсакта почесна витешка титула.