Популарниот актер Хју Џекман (44) и неговата сопруга Дебора Ли Фернес (57) во брак се 17 години. Џекман во списанието „Good Housekeeping“, открива која е тајната на толку долг и среќен брак, на кој му завидува цел Холивуд.
– Пред да почнам да ви откривам ситни детали, многу е битно со вашиот партнер да бидете пријатели, како што сме Дебора и јас. Кога се запознавме, само се смеевме, рече Хју.
Тој појасни дека за добар брак е потребно многу труд, но дека негово правило за романса е изненадувањето. Поради тоа, Хју секојдневието го зачинува со по некое изненадување.
– Ќе дојдам ненајавен од снимање. Се преправам дека сум на сет и велам ќе дојдам доцна навечер. И тогаш ја шокирам. Ќе дојдам среде пладне, додека децата се во училиште, и ќе и резервирам место во нејзиниот омилен ресторан.
Тој исто така има уште едно правило на кое се придржува – никогаш повеќе од две недели да не биде раздвоен од семејството.