Томислав Лимов од Габела, кај Чапљина, уловил риба од „црвената листа“ на загрозени животни, пишува порталот „Блјесак“.
Лимов прво помислил дека станува збор за јагула, но подоцна дознал дека неговиот 55 цантиметри долг улов всушност е „паклара“, многузагрозен вид риба.
„Пакларата“ нема вилица, туку постојано отворена уста со пипци и заби кои се прилепуваат за својата жртва и и ја цицаат крвта, но може да се храни и со угинати животни.
Посебноста на „пакларата“ лежи во тоа што тие веќе 500 милиони години не се многу променети, а дел од животот го минуваат во море, дел во слатките води.
Бидејќи оваа ретка риба никогаш порано не била видена, нитууловена во Неретва и околните води, не требало долго време за да се развие приказната дека таа всушност се упатила кон Европската унија, која од ова место е оддалечена само неколку километри.